Top Sport

Ева Карнеиро доби огромна отштета од Челси и си купи фудбалски клуб

Атрактивната физиотерапевтка Ева Карнеиро доби голема отштета по судската разврска со англискиот премиерлигаш Челси, а дел од парите одлучи да ги вложи во аматерски фудбалски клуб во Англија. Таапред неколку години беше многу популарна меѓу фудбалските фанови, а беше вработена во лондонскиот премиерлигаш Челси.

Соработката со лондонскиот клуб не ја заврши на најубав начин поради конфликт со тогашниот менаџер Жозе Мурињо.

Го тужеше Челси за отказот што го доби, а сега инкасира милионска отштета. На нејзината сметка легнаа 1,2 милиони фунти, а Карнеиро знаеше како да го искористи тоа и убаво да ги вложи парите.

Таа купи фудбалски клуб, нисколигашкиот клуб Левес од Англија.

Покрај тоа, Карнеиро соработува со болницата за ортопедија и спортска медицина Аспетар во Катар пред годинашното Светско првенство.

Scroll to Top