Top Sport

Марија Шарапова го чека првото дете

Поранешната најдобра светска тенисерка Марија Шарапова ја сподели радосната вест за бременоста со своето прво дете. Таа на својот 35. роденден објави дека е бремена.

Петкратната грен-слем шампионка која се повлече од тенисот во 2020 година, ја сподели веста на Инстаграм со своите 4,2 милиони следбеници.

„Убави почетоци!“, напиша таа покрај фотографијата на која стои на плажа и се смешка.

Во декември Шарапова и британскиот бизнисмен Александар Гилкс открија дека се вериле.

 

Scroll to Top