Top Sport

Вимблдон официјално потврди: Без руски и белоруски тенисери на турнирот

Престижниот тениски турнир Вимблдон донесе и официјална одлука дека руските и белоруските тенисери и тенисерки нема да можат да учествуват на годишното издание поради инвазијата над Украина. Ова значи дека машкиот дел од турнирот ќе биде без вториот светски тенисер Данил Медведев, а кај тенисерките ќе ја нема четврторангираната Аријана Сабаленка. Секако, и сите останати од овие две земји.

Пристигна и реакција од Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека е неприфатливо да им се забрани на руските тенисери да играат на Вимблдон.

„Уште еднаш ги држат спортистите како заложници на политички предрасуди, политички интриги. Ова е неприфатливо“, рече Песков.

Третиот грен – слем турнир во сезоната се одржува од 27 јуни до 10 јули.

Од почетокот на воената интервенција во Украина, руските и белоруските тенисери се натпреваруваат под неутрално знаме.

Scroll to Top