Манчестер Јунајтед во четвртокот објави дека Ерик Тен Хаг е новиот менаџер на тој тим. Тој ќе дојде во клубот по завршувањето на сезоната. Тен Хаг и Јунајтед потпишале договор до јуни 2025 година.
Холандскиот стручњак пет години го предводи Ајакс. Воспостави доминација на славниот клуб во домашниот шампионат, а во 2018 година со овој тим дојде до полуфиналето во Лигата на шампионите.
Во понеделникот добро информираниот новинар Фабрицио Романо обајви дека Тен Хаг постигнал договор со клубот од „Олд Трафорд“. Денес Манчестер јунајтед официјално потврдија дека го ангажирале Тен Хаг.
???
The new First-Team Manager of Manchester United: Erik ten Hag.#MUFC || #WelcomeErik
— Manchester United (@ManUtd) April 21, 2022
Од Јунајтед изјавија дека се импресионирани од фудбалот што го форсира Тен Хаг во претходните сезони и дека напаѓачки фудбал е нешто што треба да му го донесе на Јунајтед сега.
„Импресионирани сме од неговата долгорочна визија да го врати Јунајтед таму каде што сакаме да биде. Ни се допаѓа неговата решеност да го направи тоа“, изјави спортскиот директор Џон Мурто.
Ерик Тен Хаг најпрвин ќе треба да ја заврши сезоната во Амстердам каде со Ајакс треба да ја освои титулата шампион на Холандија. Таа борба и понатаму е актуелна бидејќи Ајакс имаат четири бода повеќе од ПСВ Ајдховен.