Според „Ла газета дело спорт“, „Инвесткорп“, компанијата која преговара да го купи италијанскиот гигант Милан планира да ги заддржи Паоло Малдини и Рики Масара во менаџерскиот тим на „росонерите“, додека Златан Ибрахимовиќ ќе добие значително помала плата ако репи да остане.
Фондацијата од „Бахреин“ е во напреднати преговори со американските газди на Милан, „Елиот менаџмент“ и се верува дека во следните две недели ќе биде склучен договорот вреден 1.1 милијарди евра.
Иван Газидис, генералниот директор на клубот, сигурно заминува без „Елиот“, но на спортски план, Малдини и Масара би требало да останат на своите позиции, откако тие биле импресионирани од работата која била завршена последните неколку години.
Околу 40-годишниот Ибрахимовиќ, пак, прво ќе се почека одлукаата на Швеѓанецот дали ќе продолжи уште една сезона, и ако планира да биде активен, тој ќе добие значително помала плата од сегашните 7 милиони евра по сезона, со што е најплатен фудбалер на клубот.
Ibrahimovic: "Sul futuro decido io". Ma la nuova proprietà del #Milan frena: dirà sì al rinnovo solo al ribasso https://t.co/RK8nDJQ9dh
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) April 21, 2022