Top Sport

Свитолина: Русите и Белорусите да се изјаснат за три точки, па да играаат тенис

По одлуката на Вимблдон да не ги покани руските и белоруските натпреварувачи на овогоишниот гренд слем, украинската тениска ѕвезда Елина Свитолина побара тениските власти да побараат тие да се изјаснат по три точки, односно да се откажат од лидерството на своите земји за да можат да играат тенис.

„Забележавме дека некои руски и белоруски тенисери и тенисерки во одреден момент неодредено ја споменаа војната, но ниту еднаш не кажаа јасно дека Русија и Белорусија почнаа војна на територија на Украина. Тишината од нив е неиздржлива и носи убиство на мојата татковина. Бараме од ВТА, АТП и ИТФ да осигураат тие кои ја претставуваат Русија и Белорусија да одговорат на следните прашања:

1.Дали ја поддржувате руската и белоруската инвазија на територијата на Украина како почеток на војна од тие земји?

2.Дали ја поддржувате руската и белоруската воена активност во Украина?

3.Дали го поддржувате режимот на Путин и Лукашенко?

Бараме исклучување и суспензија за сите руски и белоруски натпреварувачи. Во време на криза, тишината значи согласност. Доаѓа време кога тишината е предавство и тоа е време е сега“, вели 27-годишната Свитолина.

Scroll to Top