Top Sport

Закана со бомба во домот на капитенот на Јунајтед, Хери Мегваер!

Хери Мегваер, капитенот на Манчестер јунајтед, има кошмарна сезона, како и повеќето негови соиграчи, но тоа не е оправдување за последните вести кои доаѓаат од Англија, кои велат дека постоела „сериозна“ закана за бомба во неговиот дом.

Полицијата пристигнала попладнево во неговиот дом и направила детална анализа, откако тој ги пријавил заканите. Мегваер живее со неговата свршеница Ферн Хокинс и со нивните две мали деца.

„Во последните 24 часа, Хери прими сериозни закани кон неговиот семеен дом, кои беа пријавени во полицијата. Безбедноста на неговото семејство е број 1 приоритет. Тој ќе се подготвува за следниот меч нормално и нема да коментира дополнително“, изјави портпаролот на Мегваер.

Scroll to Top