Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се жали на болки во тетивата. Тој не го завршил денешниот тренинг на Наполи и неговиот настап на неделниот натпревар против Емполи е неизвесен.
Лекарскиот тим му препорачал на Спалети да не ризикува со младиот фудбалер, а последната одлука ќе биде донесена по утрешниот тренинг на тимот.
Наполи и понатаму се надева дека може да стигне до титула во Серија А иако во моментов е на третото место со четири бода негатива во однос на лидерот Милан и два бода зад Интер, кој има и еден натпревар помалку.