Иако секогаш ќе останат на спротивните страни во најголемото англиско фудбалско ривалство меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, легендарните имиња на двата клуба се дружеа на неодамнешнио меч на двата тима.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Јан Раш на социјалните мрежи објави фотографија на која е со Кени Далглиш, покрај Сер Алекс Фергусон и поранешниот директор на Јунајтед, Дејвид Гил.
„Секогаш е добро да се видиш со Сер Алекс Фергусон и да го видиш во добро здравје“, напиша 60-годишниот Раш.
80-годишниот Фергусон имаше доста проблеми во последните години, откако имаше мозочен удар во 2018 година, но постојано е на натпреварите на Манчестер јунајтед, дури и кога не им оди најдобро, како при 4:0 поразот од Ливерпул.
Good to catch up with Sir Alex Ferguson and to see him in good health ?? pic.twitter.com/k448aWIZHS
— Ian Rush MBE (@Ian_Rush9) April 21, 2022