Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо се појави како стартер во тимот на Манчестер Јунајтед на дербито против Арсенал (3:1) на „Емирати“. И покрај големата трагедија што се случи пред неколку дена, кога Роналдо и Георгина го загубија новородениот син, Роналдо настапи во дресот на „ѓаволите“.
Тој го постигна единствениот гол за Манчестер Јунајтед, а му го посвети токму на починатиот син.