Шкупи победа од 2:0 над Ренова ја освои шампионската титула на четири кола до крајот на првенството во Првата фубалска лига на Македонија. Сандеј Адетунџи во 81.минута постигна водечки гол за тимот од Чаир, а Куевен да Силва во последните мигови зголеми на 2:0, па гледачите влетаа во терен и пред официјалниот крај.
Шкендија стигна до важна победа (3:1) над Македонија ЃП во Тетово. Љупчо Дориев и Синдрит Гури во првите дваесет минути донесоа водство од два гола, а во вториот дел Дориев постигна и втор погодок. Годберг Купер беше стрелец на почесниот погодок за „лавовите“.
Тиквеш го декласира Борец со 5:0 во Кавадарци. Андреј Лазаров беше двоен стрелец во првото полувреме, а серијата ја продолжија и Иван Ивановски, Благоја Љамчевски од пенал и Александар Мишов.
Струга Трим Лум убедливо го совлада Пелистер со 4:0. Па Омар Џобе постигна два гола во првото полувреме, а потоа се приклучија и со Бесмир Бојку и Валентин Кочоски.
Вчера, Работнички загуби од Скопје со 0:1, а Академија Пандев ја победи Брегалница со 2:1.