Top Sport

Фјури вози „Пасат“ од 2007 година

Со победата против Дилијан Вајт, Тајсон Фјури ја одбрани титулата во тешка категорија, според верзијата на ВБЦ, По победата над Вајт, Фјури најави дека ќе ја заврши кариерата.

Неговиот промотор Френк Ворен успеа да организира борба со рекордно висок влог од 30 милиони фунти, со распределба на парите од 80:20 во корист на неговиот штитеник. Без разлика на исходот на борбата, на Фјури му беа загарантирани 21,5 милиони фунти, со победата доби уште три милиони фунти.

И покрај богатството што го заработи како професионален боксер, Фјури остана скромен. Шампионот во ВБЦ верзијата вози „Пасат“ од 2007 година.

„Немав ништо. За мене не е се до парите. Возам „Пасат“ од 2007 година. Не ми е гајле што имам. Познавам многу многу богати луѓе, но никој од нив не е среќен“, изјави Фјури.

„Парите не ме прават среќен. Не ми е гајле ни за појасите или наследството. Не ми е гајле за ништо друго освен за удирање противник за време на борба. Сакам само да победам, без разлика на парите. Одлично е да се заработи за тоа што го правиш. Уживам во боксот. Јас сум добар боксер и платен сум за тоа што го работам“.

“Во секое време би можел да завршам како потстанар. Дали тоа би ме променило како личност? Дали ми треба самовила или „Ролс-Ројс“? Тоа не ме прави маж? Не. Маж те прави она што го имаш тука (покажува кон градите). Ако си милионер и си ужасна личност, јас не сакам да имам ништо со тебе. Имам време само за добри луѓе“.

Scroll to Top