Top Sport

Јувентус во финишот го скрши Сасуоло

Фудбалерите на Јувентус, со пресврт славеа на гости кај Сасуоло, во последниот натпревар одигран во 34.коло, во Серија А.

Головите на Дибала и Кеан, постигнати во финишот на првото и второто полувреме му ја обезбедија победата на Јувентус.

Дибала во 45.минута ја поништи предноста на Саусоло од 39.минута, кога Распадори го совлада Шчесни. Кеан голот за победа го постигна во 88.минута.

На четири кола до крајот на сезоната Јувентус со 66 бода се четврти на табелата, само еден бод ги дели од третопласираниот Наполи. Сасуоло со 46 бода останаа на десеттото место.

Scroll to Top