Домагој Вида, фудбалерот на Бешикташ, кој постигна еден гол во игра и еден во пенал серијата за да помогне Хрватска да стигне до полуфиналето на СП по триумфот над Русија во видео со својот поранешен клупски колега, Огњен Вукојевиќ ја посвети победата на Украина.
„Слава на Украина!“, вреска Вида во видеото од девет секунди, што може да се протолкува како директна провокација за Русите, по сите случувања во Украина од 2014 година наваму.
Вида играше со Вукојевиќ во Динамо Киев од 2012 до 2018 пред да се пресели во Бешикташ.
„Оваа победа е за Динамо и за Украина“, додава Вукојевиќ, кој е поранешен хрватски репрезентативец, а сега работи како скаут за Динамо на Балканот.
Вида подоцна објасни дека не се работи за провокација, туку за шега која Русите сигурно ќе ја разберат.
„Оваа победа е за Хрватска, тоа е јасно. Се работи за шега. Имам пријатели во Украина од времето кога играв за Динамо и не мислев нушто друго. Зошто Русите не би ја сфатиле шегата? Јас ги сакам Русите“, изјави Вида за порталот „Спорт.ру“.
Фото: ЕПА