Рускиот претседател Владимир Путин приреди посебен пречек во Кремљ за сензацијата во уметничко лизгање, Камила Валиева на нејзиниот 16-ти роденден, отфрлајќи ги обвинувањата за позитивниот допинг-тест на тинејџерката.
Валиева пред Олимпијадата беше сметана за прва фаворитка за златниот медал, и го освои со Русија во тимското натпреварување во првата недела на Игрите во Пекинг, по што беше откриено дека имала позитивен тест на забранетото средство за третман на болести на срце, триметазидин на Рускиот шампионат во декември 2021.
По легална битка пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС), таа доби дозвола да настапи во индивидуалното натпреварување, но таму заврши како четврта, зад сонародничките Ана Шчербакова и Александра Трусова.
„Камила Валиева во својот талент ги апсорбираше најкомплексните елементи на уметничкото лизгање, елегантноста, убавината, моќта и нежноста. Со нејзините остварувања го крена овој спорт на ниво на вистинска уметност. Таква перфекција не може да се оствари со нечесни методи или со манипулација“, изјави Путин.
Валиева случајно го земала лекот за срце препишан на нејзиниот дедо