Никола Миротиќ беше лидер на Барселона за каталонскиот клуб да стигне до 75:66 победа на гости кај Баерн Минхен и да поведе со 2:1 во четврт-финалната серија од Евролигата. И Олимпијакос беше убедлив, но на крајот стигна до тесна 83:87 победа на гости кај Монако за идентично водство од 2:1 во серијата.
Барса имаше 49:31 водство на полувреме, без да му даде шанса на противникот, иако Баерн успеа да направи камбек и да дојде на 61:51, победата на гостите не беше неизвесна во ниту еден момент.
Миротиќ заврши со 25 поени, 6 скока и 3 асистенции, Роландс Смитс додаде 12 поени, додека кај Баерн, Владимир Лучиќ беше најефикасен со 17 поени. Со победата Барса ја врати предноста на домашен терен, но и следниот меч се игра во Германија веќе в петок.