Top Sport

Хендерсон: Имавме и малку среќа, нема да биде лесно во Шпанија

Фудбалерите на Ливерпул стекнаа предност од 2:0 над Виљареал, по првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. Ливерпул доминираа во текот на целиот натпревар, не му дозволија на противникот да создаде шанса за гол, а славеа со автоголот на Еступињан во 53. и голот на Мане во 55.минута.

Капитенот на Ливерпул Џордан Хендерсон по натпреварот изјави дека очекувал тежок натпревар.

„Тие се многу организиран тим и знаевме дека тоа ќе ни ја отежнат работата. Важно беше да продолжиме и да веруваме дека ќе ги скршиме. Тоа го направивме со два гола. Имавме среќа за првиот гол. Сепак, кога играте добро потребно е да имате и малку среќа.
Дадовме гол и ја подигнавме публиката. Поголемиот дел од натпреварот, контра пресингот беше многу добар. Се уште ништо не е решено, ќе биде тешко во реваншот во Виљареал“, изјави Хендерсон.

Реванш натпреварот на програмата е на 3.мај.

Scroll to Top