Top Sport

Одобрен проектот за „Ноу Камп“, Барса се сели на друг стадион

Поради започнувањето на големиот проект и реконструкцијата на стадионот „Ноу Кам“, од сезоната 2023/2024, екипата на Барселона ќе игра на Олимпискиот стадион „Монжуик“.

На каталонскиот гигант му е одобрен големиот проект наречен „Еспаи Барса“, во кој ќе се изврши реконструкција на „Ноу Камп“.

За овој проект клубот ќе издвои 1.500.000.000 евра.

„Го одобривме проектот за реновирање на „Камп Ноу“. Работите можат да започнат во јуни“, рече градоначалничката на Барселона, Ада Колау.

Претседателот на каталонскиот гигант Жоан Лапорта најави дека Барселона ќе го има најдобриот стадион во светот.
„Работите ќе започнат во јуни. Тоа ќе биде најголемиот спортски, забавен и иновативен простор на еден град. Ќе биде најголемиот спортски објект во светот. Новиот „Камп Ноу“ ќе биде најдобриот стадион во светот“, рече Лапорта.

Фудбалерите на Барселона ќе одиграат уште една сезона на Камп Ноу, а потоа ќе се преселат на стадионот „Монжуик“, каде треба да останат до 2025 година, кога треба да завршат градежните работи.

Реконструкцијата на стадионот ќе чини околу 900.000.000 евра, а останатите пари ќе бидат потрошени за нова сала со капацитет од 12.500 гледачи, нов стадион за младинската школа и друга инфраструктура.

По реконструкцијата стадионот ќе прими 105.000 гледачи.

Scroll to Top