Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра против Франција, Холандија и против Романија во групата Ц од Европското првенство кое ќе се одржи од 4. до 20. ноември во Скопје, Подгорица, Целје и Љубљана. Овие ривали ги додели денешниот ждреб во Љубљана.
Четири ракометарки, меѓу кои и македонската репрезентативка Андреа Седлоска, учествуваа во ждребот на групите за Европското првенство.
Македонија ќе биде коорганизатор на Европското првенство, заедно со Словенија и со Црна Гора.
група А (Љубљана): Унгарија, Хрватска, Швајцарија, Норвешка
група Б (Целје): Словенија, Шведска, Србија, Данска
група Ц (Скопје): Македонија, Холандија, Романија, Франција
група Д (Подгорица): Црна Гора, Германија, Шпанија, Полска