Можно е германско финале во Лигата на Европа, барем ако се суди по првите полуфинални натпревари. Ајнтрахт Франкфурт на гости го победи Вест Хем со 1:2, додека Лајпциг на домашен терен славеше против Глазгов Ренџерс со 1:0.
Ансгар Кнауф уште во првата минута донесе водство за Ајнтрахт во Лондон, а израмни Микаел Антонио во 40.минута. Сепак, Даиши Камада обезбеди триумф за гостите во 54.минута од мечот.
Лајпциг со 1:0 го победи Глазгов Ренџерс со голот на Амхелињо во 85.минута.
Реваншите се за седум дена во Франкфурт и во Глазгов.