Извесно е дека напаѓачот на Ајакс, Себастијан Алер ќе го смени клубот во летниот преоден рок, а како главни кандидати за негов ангажман се издвојуваат Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед.
Тимот од Дортмунд, во репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска гледа замена за Ерлинг Холанд кој е на мета на многу европски великани.
Се проценува дека за ангажман на Алер ќе бидат потребни 35 милиони фунти, а тој би можел да биде поевтина замена за Манчестер јунајтед доколку „црвените ѓаволи“ не успеат да ангажираат Норвежанец од Борусија Дортмунд.
Англиските медиуми се скептични за доведување на поранешниот напаѓач на лондонски Вест Хем, а главна причина се неговите слаби настапи во Премиер лигата.
Алер сезонава за Ајакс постигна 33 гола на 39 натпревари, додека во Лигата на шампионите осум пати ја тресеше мрежата на 11 натпревари