Top Sport

Тен Хаг им порачал на Јунајтед: Не ме барајте 48 часа пред меч на Ајакс

Ерик Тен Хаг им пратил порака на шефовите на Манчестер јунајтед да не контактираат со него 48 часа пред секој од преостанатите четири мечеви на Ајакс до крајот на сезоната, бидејќи сака целосно да е фокусиран за освојување на титулата од Ередивизие пред да се пресели на „Олд Трафорд“, тврди „ЕСПН“.

Според нивните извори, 52-годишниот Тен Хаг тоа им го порачал уште пред да го потпише договорот додека траеле преговорите со управата на англискиот клуб. Тен Хаг веќе четири и пол години е на клупата на „копјаниците“ од Амстердам и се обидува да стигне до прва одбрана на холандската титула од 2013/14. Ајакс има 4 поени предност пред ПСВ Ајндховен и во последните кола до 15 мај играат со Цволе, АЗ Алкмар, Херенвен и Витесе.

Scroll to Top