Голден стејт Вориорс и Кевин Дурент ја продолжија соработката на уште две години. Клубот не ги објави финансиските детали од новиот договор, а американските медиуми шпекулирата дека Дурент ќе добие 60 милиони долари за две годишниот договор.
Дурент минатата сезона успеа да ја одбрани титулата со Голден стејт, во регуларниот дел од првенството во просек по натпревар бележел по 26,4 поени, 6,8 скока и 5,4 асистенции.
Овие бројки ги подобри во финалната серија против Кливленд Кавалирс. На четири натпревари забележал просек од 28,8 поени, 10,8 скока, 7,5 асистенции и две блокади. Дурент ја понесе титулата за најкорисен играч (МВП) во финалната серија.