По повеќе години шпекулации, кои се зголемија последните месеци, генералниот директор на Фолксваген групацијата, Херберт Дис потврди дека Порше и Ауди влегуваат во Формула 1 од 2026 година, кога очекува на сила да стапат новите правила за моторите.
Дис потврди дека двата бренда влегуваат во спортот, но декаќ е се почека кога ќе се отстрани МГУ-Х уредот на Ф1 моторите, и ќе се зголеми улогата на МГУ-К, електричниот уред.
„Не можете да влезете во Формула 1 доколку не се отвори прозорец за технологијата, не се сменат правилата. Потребни ви се нови подобрувања на моторите, за што е потребно две-три години. Предвидуваме дека во 2026 или 2028, Ф1 ќе биде најголемиот спектакл во мотоспортот, дури повеќе од сега. Со поголем раст во Кина, во САД и со голема маркетиншка привлечност. Маркетингот кој се случува во моментов во Ф1, заедно со Нетфликс, носи голема важност на Ф1 во СА“, вели Дис.
Фолксваген на крајот на минатата сезона го повлече Ауди од Формула Е шампионатот на електрични болиди и се пресели во Дакар релито. Порше, пак, останува во Формула Е, и минатата година објави дека планира да развива батерии во тркачки автомобили, кои практично се користат само во Ф1.
„Фолксваген нема да биде вклучено во Ф1, бидејќи не се вклопува во брендот. Порше сигурно е најспортскиот бренд на светот, така што е нормално што тие ќе бидат први во Ф1. Ауди е многу послаб спортски бренд од Порше, но има поголем потенцијал во мотоспортот“, објаснува Дис.