Top Sport

Конор си купи јахта Ламборгини!

УФЦ легендата Конор Мекгрегор, конечно, повторно се поднови, објавувајќи фотографиии и видеа од неговиот нов миленик – јахтата Ламборгини, која чини најмалку 3.1 милиони евра.

„Денеска е денот! Официјално ја преземаме новата Ламборгини Спорт јахта“, напиша тој на Инстаграм со фотографија на неговата ќерка.

Во неделата, тој сподели видеа од јахтата во Монако, велејќи дека „бара зборови“ да ја опише убавината. Мекгрегор исто така се пофали дека го добил бројот 12 од Ламборгини, со само 63 јахти кои треба да се изградат, според неговиот бренд на виски „Пропер 12“.

„1963 е годината кога Ламборгини започна, а 12 е… Сите знаете што е 12. Благодарност до Џузепе Константино и целиот тим на ‘Италијанската морска групација’ за работата“, додаде Мекгрегор.

Scroll to Top