Top Sport

Агентот на Лаутаро повтори дека тој останува во Интер

Агентот на Лаутаро Мартинез, Алехандро Камано потврди дека аргентинскиот напаѓач е презадоволен во Интер и дека не планира да замине од клубот и покрај новите шпекулации дека Арсенал се заинтересирани за неговиот потпис.

На „топчиите“ им е потребно засилување на нападот во летниот преоден рок и се верува дека Лаутаро е еден од главните фудбалери на кои смета Микел Артета, но Камано вели дека трансфер не доаѓа во предвид.

„Не сме зависни од трансфер, тој е во Интер, таму е среќен, градот е прекрасен. Понекогаш медиумите објавуваат работи кои не се вистинити и Лаутаро размислува само за Интер и за ниту еден друг клуб освен на Светското првенство во Катар“, вели Камано.

Scroll to Top