Top Sport

Рој Хоџсон по вторпат се пензионираше

Поранешниот англиски селектор, Рој Хоџсон потврди дека ќе се повлече од фудбалот по крајот на неговиот договор со Вотфорд и нема да остане во клубот и следната сезона.

74-годишниот Хоџсон, кој во средата беше почестен од британската кралица Елизабета Втора со ЦБЕ награда за неговите услуги на нацијата, веќе се пензионираше на крајот на минатата сезона напуштајќи го Кристал палас, но во јануари се врати во обид да ги спаси Вотфорд од испаѓање.

„Уживав во мојата работа, но светот е тежок за живеење. Јасно е дека бев краткотрајно решение до крајот на сезоната. Ја преземав таа работа враќајќи се од пензија, но сега таа работа заврши. Нема веќе да влегувам во светот на фудбалот во Премиерлигата. Мислам дека заслужив да уживам во времето со мојата сопруга и синот“, изјави Хоџсон.

Вотфор беа на 18. место со само 14 поени од 20 меча кога Хоџсон го замени Клаудио Раниери, но под негово водство тие победија само двапати и имаа дури 10 порази, од кои пет во последните пет меча и се на претпоследното место на табелата на четири кола пред крајот. Ако не ги победат Кристал палас во сабота, клубот дефинитивно испаѓа од лигата.

Scroll to Top