Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, сака да го доведе сонарподникот Дензел Хамфрис на „Олд Трафорд“. Дефанзивецот на Интер треба да биде замена за Арон Ван-Бисака, кој најверојатно ќе мора да си замине од клубот.
Дамфрис беше доведен во Интер минатото лето и има договор до 2025 година, но „нероаѕурите“ планираат да го продадат доколку добијат добра понуда.
Интер плати речиси 14 милиони евра на ПСВ Ајндховен за да го доведе Дензел Дамфрис, а неговата вредност сега е тројно зголемена. Тој брзо стана еден од носителите на играта во тимот на Симоне Инзаги и оваа сезона настапи на 41 натпревар, а постигна пет гола и забележа седум асистенции во сите натпреварувања.