Кевин де Бројне признава дека не слушнал за Килијан Мбапе кога неговите Манчестер сити играа со Монако во Лигата на шампионите во 2016/17. Мбапе тогаш постигна двапати во двата натпревари, а Монако ги елиминираше Сити со правилото за повеќе постигнати голови на гости.
Сега, вечерва, двајцата ќе се сретнат во полуфиналето на Светското првенство во Русија, едниот во белгискиот дрес, другиот во францускиот дрес.
„Тој стана ѕвезда во Франција, но кога јас играв против него со Монако, имаше одиграно само 10 меча. Не играше многу и да бидам искрен не знаев кој е тоа. Сега, тој е дел од силната француската репрезентација и игра во Лигата на шампионите“, изјави Де Бројне.
19-годишниот Мбапе веќе има три голови на Мундијалот во Русија, и стана првиот тинејџер со гол на Мундијалите по легендарниот Пеле.
„Сега е сосема поинаков фудбалер и ќе биде ѕвезда во следните 15 години. Имаше фантастична сезона и може да биде само подобар. Ќе биде голема опасност и мораме да имаме тактика за да го сопреме“, признава Де Бројне.