Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд се приклучи на долгата листа на фудбалери со бизарни статуи, откако во Алгард, Норвешка беше направена статуа од дрво висока 3 метри.
21-годишниот Халанд доби статуа изработена од норвешкиот уметник Кјетил Баране, кој со моторна пила ја изработи дрвената статуа во Алгард, градче во близината на Јаерен областа, каде што порасна напаѓачот.
„За мене е голема чест да направам ваква статуа, што беше навистина тешко. Мислам дека има сопствен карактер“, изјави Баране.
Со ова Халанд се приклучи на Роналдо, кој доби славна статуа на аеродромот на неговиот роден остров Мадеира во 2017 година, но и на Салах, кој доби статуа во туристичкиот центар Шарм Ел-Шеик во 2018 година.
The new statue of Erling Haaland is… interesting pic.twitter.com/Eq1QQqs6x2
— Hdhehehsdhsh (@James2390421) May 5, 2022
Four years since this Cristiano Ronaldo statue was unveiled at Madeira airport ? pic.twitter.com/WbHwEumY6h
— GOAL (@goal) March 29, 2021
The absolute state of this Mohamed Salah statue ??? pic.twitter.com/GzqA3DyFzU
— GOAL (@goal) November 5, 2018