Рафаел Надал по тешкиот прв меч на Мастерс 1000 турнирот во Мадрид, не успеа да го најде ритамот ниту во дуелот со Белгиецот Давид Гофан на „Каха Магика“, откако пропушти лесна победа во два сета, за на крајот за нешто повеќе од три часа со 6:3/5:7/7:6(9) победа да се пласира во четврт-финалето, додека туниската тенисерка Онс Жабер влезе во историјата како прва Африканка со пласман во финале на ВТА 1000 турнир.
По тешкиот прв меч против Миомир Кецмановиќ, и овојпат освојувачот на рекордни 21 гренд слем титули остана без сила во финишот на вториот сет, пропуштајќи брејк за победа, за потоа дури во тај-брејкот во третиот сет да го совлада упорниот Белгиец, кој пропушти меч-топка при 7:6 водство во тај-брејкот, за на крајот да загуби со 11:9.
леден противник за Надал може да биде човекот кој многумина го сметаат за негов наследник, деветтиот носител Карлос Алкараз, кој прво треба да го победи Британецот Камерон Нори.
27-годишната Жабер, која е светска тенисерка број 10, со 6:2/6:3 ја совлада Русинката Екатерина Александрова, за само втора победа против ривалката во осум меѓусебни дуели, за пласман во финалето, каде што ќе игра со подобрата од мечот помеѓу 12. носителка, Американката Џесика Пегјула и Швајцарката Џил Тајхман.
„Ми беше мака што само губев од неа, така што морав да се одмаздам. Среќна сум од мојата форма и сега сум подотвена за финале“, вели Жабер, која ја победи шампионката од Ролан Гарос, Симона Халеп во четврт-финалето.