Top Sport

Со хрватски дрес во украинскиот парламент (видео)

Контроверзната порака на хрватскиот фудбалер Домагој Вида и членот на стручниот тим на Хрватска, Огњен Вукојевиќ преку видеото во кое велат „Слава на Украина“ по триумфот над Русија на пенали, свое место најде и во украинската Рада, парламентот на оваа земја.

Додека во Русија ова беше проследено со негативни реакции, Вукојевиќ беше отпуштен, а Вида под истрага на ФИФА, во Украина има атмосфера на воодушевување и триумфализам.

Претседателот на Украинската фудбалска федерација, Андриј Павелко се појави во парламентот со хрватскиот дрес и најави дека тие ќе ја платат казната на Вујокевиќ.

„Ќе ја платиме казната од 15 илјади франци, а и ќе му понудиме да работи во Украинскиот фудбалски сојуз. Ја има нашата цела поддршка“, изјави Павелко во хрватски дрес и со хрватски шал.

На неговиот дрес пишуваше Ракитиќ во „симболичен гест“, бидејќи тој го постигна победничкиот гол против Русија.

Кој му дава на Вида камера? Овојпат со поздрави до „Белград!“ и песна на Тома Здравковиќ (видео)

Вида ги провоцираше Русите: Слава на Украина! (видео)

 

Scroll to Top