Бразилецот Чарлс Оливеира можеби нема да е УФЦ шампион во лесна категорија, откако не успеа да ја достигне тежината на мерењето, но нема сомнеж кој е најдобриот во категоријата, откако на УФЦ 274 во Финикс, го совлада и Џастин Гетџи уште во првата рунда на нивниот меч.
Работите не изгледаа добро за Оливеира, откако Гетџи двапати го прати на подот во првата рунда, но избегна дуел на подот, што на крајот се покажа како клучна грешка. Оливеира се врати и со комбинација на бокс, колена и удари со нозата „До Брокс“ го „седна“ противникот и успеа да го „задави“, по што Американецот мораше да се предаде.
Оливеира ја загуби титулата уште на мерењето поради 250 грама, но сега има 11 победи во низа, а меѓу неговите жртви беа и Дастин Поаире, Мајкл Чендлер, Кевин Ли и Тони Фергусон. По мечот, тој прати порака до Конор Мекгрегор.
„Ова е порака до сите во категоријата, бидејќи јас сум им проблем. Погледнете ме, јас сум просветлениот, тоа е моја титула. Еј, Конор Мекгрегор, ќе дојдеш или повторно ќе избегаш“, изјави Оливеира.
#UFC274 would never thought oliveira would drop gaethje pic.twitter.com/kUHIvtpyPZ
— boomgirl?? (@THERealBoomgirl) May 8, 2022
Уште поголем спектакл имаше на мечот помеѓу Мајкл Чендлер и Тони Фергусон, двајца поранешни кандидати за титулата во тешка категорија. Фергусон успеа неколку пати да го „закачи“ Чендлер, но на отварањето на втораата рунда, Чендлер успеа да го прати Фергусон на подот, за негов четврт пораз во низа.
Michael Chandler just sent Tony Ferguson to the SHADOW REALM pic.twitter.com/8r3b9JMPqC
— Barstool Sports (@barstoolsports) May 8, 2022