Top Sport

Џа Морент недоволен за Гризлис – без шанса против Голден Стејт

Голен Стејт вориорс стигнаа до убедлива 142:112 победа над Мемфис гризлис за да поведат со 2:1 во полуфиналната серија на Западната конференција во НБА плејофот.

И покрај фантастичната форма на Џа Морент, кој заврши со 34 поени, 7 асистенции и 3 скока, тој не можеше сам против разиграните Вориорс, за кои Стеф Кари заврши со 30 поени и 6 асистенции, Џордан Пул уфрли 27 поени, а Клеј Томпсон имаше 21 поени, 9 скока и 4 асистенции.

Мемфис имаа одличен старт на мечот и 13 поени предност во првата четвртина, но потоа следуваше фантастичен пресврт на Вориорс, кои второто полувреме го почнаа со 10:0 серија заз на крајот да стигнаат до убедлива победа. И следниот меч се игра во Сан Франциско.

Милвоки бакс, пак ,во драматична завршница стигнаа до 103:101 победа над Бостон селтикс за 2:1 водство во полуфиналето на Истокот.

Бакси водеа во  поголемиот дел од мечот и во последната четвртин влегоа со предност од 13 поени, но Селтикс успеаја да дојдат до 99:100 водство со двете слободни фрлања на Џејлен Браун. Но, Јанис Адетокумбо постигна поени за 101:100, а потоа прецизен беше и Џру Холидеј, по што на Селтикси им беше потребна тројка. Браун се обиде да постигне тројка и беше фаулиран, но судиите решија дека треба да изведува две слободни фрлања – тој намерно го утна второто, по што направи скок и се обиде да поентира, по што топката дојде кај ветеранот Ал Хорфорд, кој поентираше, но мечот веќе беше завршен.

Адетокумбо го заврши мечот со 42 поени, 12 скока и 8 асистенции, Холидеј заврши со 25 поени.

Scroll to Top