Top Sport

Атлетико со пенал-победа го доби градското дерби

Стариот шампион, Атлетико Мадрид стигна до „жестока“ 1:0 победа на лутиот градски ривал, новокрунисаниот шпански шампион, Реал Мадрид во меч без големо резултатско значење на „Ванда Метрополитано“.

„Кралевите“ веќе ја обезбедија 35. шпанска титула и се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, додека Атлетико од друга страна платија за лошиот старт на сезоната иако победата речиси сигурно им обезбедува топ 4 пласман и место во Лигата на шампионите.

Бидејќи резултатот не беше клучен, Карло Анчелоти се реши за необична стартна постава, поставувајќи го Начо Фернандез како капитен и давајќи им шанса на Лука Јовиќ, Хезус Валехо и Андриј Лунин на голот. Клучниот момент се случи во 40. минута, кога Валехо направи фаул во шестнаесетникот, а Јаник Караско беше сигурен за да го постигне единствениот гол на мечот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top