Top Sport

„Милионерите“ експресно најдоа нов напаѓач

Борусија Дортмунд најде замена за Ерлинг Халанд. Претпладнево, британски „Атлетик“, објави дека Халанд до крајот на оваа недела ќе ја официјализира соработката со Манчестер сити.

Медиумите во Германија, и новинарот Фабрицио Романо, објавија дека напаѓачот на Салцбург, Карим Адејеми ќе биде новата „деветка“ на Борусија Дортмунд.

Трансферот на германскиот репрезентативец ќе изнесува 38 милиони евра. Во договорот на Адејеми нема да постои откупна клаузула. Дортмунд нема да дозволи да се повторни случајот со Халанд, од чија продажба ќе заработи „само“ 75 милиони евра.

Адејеми оваа сезона за Салцбург постигна 23 гола. 20-годишниот фудбалер дебитираше и за германската репрезентација и постигна гол против Ерменија.

Дортмунд веќе почна да составува тим за следната сезона. Во клубот дојдоа двајца стопери Никлас Зиле од Баерн и Нико Шлотербек од Фрајбург.

 

Scroll to Top