Фудбалска Македонија бележи значителен напредок во извозот на фудбалери. Како што објави фудбалскиот институт – ЦИЕС, во моментов има 92 фудбалери си заминале од Македонија и направиле трансфер. Оваа бројка е зголемена за 32 од пред пет години, кога е правено последното истражување, и Македонија во моментов се наоѓа на 42.место во светот по извоз на фудбалери.
Бразил „редовно“ е на прво место во оваа категорија со 1219 играчи, потоа следуваат Франција (978), Аргентина (815), Англија (525).
Од најблиското опкружување, Хрватска има 400 фудбалери во странство, Србија 379, а БиХ 180. Пред нас се и Грција (115), Словенија (113) и Црна Гора (93).