Пеп Гвардиола може да здивне, откако неговите Манчестер сити го најавија засега најголемиот трансфер оваа година, потписот на норвешката гол-машина, Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
21-годишниот Халанд ќе се пресели на „Етихад“ во текот наа летото, откако Сити ја добија битката за неговиот потпис со Реал Мадрид и Баерн Минхен. Според британските медиуми тој ќе стане еден од најплатените фудбалери во составот на Гвардиола, иако нема да има повисока плата од таа на Кевин де Брујне од 375.000 фунти неделно. Сити подолго време бараа напаѓач и минатото лето не успеаја да го донест Хери Кејн од Тотенхем, откако лондонскиот клуб одби да преговара.
Халанд дојде во Дортмунд од Ред бул Салцбург во јануари 2020 и минатата сезона постигна 41 ол во 41 натпревар, а оваа сезона има 36 гола во 34 настапи за Дортмунд и за норвешката репрезентација.
Договорот значи дека Халанд ќе игра за клубот каде што играше и неговиот татко Алф-Инге Халанд од 2000 до 2003. Се верува дека токму Алфи Халанд бил клучен во преговорите со Сити, откако агентот Мино Рајола се разболе. Рајола почина на 54-годишна возраст минатиот месец.
Manchester City can confirm that we have reached an agreement in principle with Borussia Dortmund for the transfer of striker Erling Haaland to the Club on 1st July 2022.
The transfer remains subject to the Club finalising terms with the player.
— Manchester City (@ManCity) May 10, 2022