Антонио Ридигер ќе замине од Челси и ќе потпише четиригодишен договор со Реал Мадрид, „тежок“ 400.000 евра неделно на крајот на сезоната, откако одби да остане на „Стемфорд Бриџ“, јавуваат британските медиуми.
Повеќе клубови од Европа, вклучувајќи и премиерлигаши беа заинтересирани за 29-годишниот германски репрезентативец, но тој се решил на трансфер во Реал, каде што ќе биде промовиран н 1 јули.
Санкциите кои беа поставени на претходниот сопственик на Челси, Роман Абрамович ги уништија сите можности за преговори со Ридигер.