Светскиот шампион Петер Саган стигна до својата втора победа на Тур де Франс оваа година, откако ја доби петтата етапа по 204.5 километри од Лорен до Кимпер, етапа во која првпат велосипедистите се судрија со ридест предел.
Словачкиот ас остана до тркалото на главните ривали во последното искачување, пред во спринтерски финиш да го совлада Италијанецот Сони Колбрели (Бахреин Мерида) и Белгиецот Филип Жилбер (Квик Степ). Саган (Бора-Хансгрое) со оваа победа се зацврсти на лидерската позиција во трката за зелената маичка уште еднаш покажувајќи зошто е трикратен светски шампион.
Шпанскиот ветеран Алехандро Валверде (Мовистар) и Французинот Жулиен Алафилип (Квик Степ) го комплетираа топ 5, додека лидерот во генерален пласман, Белгиецот Грег ван Авермет (Квик Степ) се задоволи со седмото место за уште еден ден да остане со жолтата маичка. Ван Авермет има две секунди предност пред американскиот колега Тиџеј ван Гардерен, додека Жилбер е трет со три секунди послабо време.
Етапата се состоеше од неколку искачувања во Бретања, кои беа доволни „чистите“ спринтери како Марк Кевендиш, Андре Грајпел, Марсел Кител и победникот на две етапи досега, Фернандо Гавирија да останат далеку зад фаворитите. 28-годишниот Саган од друга страна, нема проблем и со ридови и стигна до својата 10. победа во кариерата на Тур де Франс.
Актуелниот шампион Крис Фрум (Тим Скај) и фаворитите како Роман Барде (АГ2Р), Винченцо Нибали (Бахреин Мерида), Наиро Квинтана (Мовистар), Ричи Порти (БМЦ) и Том Думулин (Тим Санвеб) останаа во главната група.
? Final Sprint – Stage 5 ?
Let’s watch the sprint again! ? Sagan perfectly in control ?
Le sprint à la loupe ! ?Sagan en plein contrôle ?@WeLoveCyclingFR #TDF2018 pic.twitter.com/8uAfTmNJIr— Le Tour de France (@LeTour) July 11, 2018
Une échappée à 4, @chava_sylvain qui le tente en solo et un @petosagan encore trop fort ?♂️
➡ Le résumé de l’étape 5 en une minute! #TDF2018 pic.twitter.com/RhVtifeCuM— Le Tour de France (@LeTour) July 11, 2018