Top Sport

Вавринка со фантастичен камбек закажа меч со Ѓоковиќ

Трикратниот гренд слем шампион, Стен Вавринка се намачи, но стигна до 7:6(8)/3:6/6:4 победа над Ласло Ѓере на Мастерсот во Рим за да закаже дуел со уште еден српски тенисер, стариот познаник Новак Ѓоковиќ.

По пауза од речиси 15 месеци без тенис, Вавринка се врати со две победи во Рим и сега е посебно мотивиран против Ѓоковиќ, тенисерот против кого ги оствари најголемите победи во кариерата.

Во првиот сет, беше израмнето, пред Ѓере да го отвори тај-брејкот со 3:0, но дозволи Швајцарецот да се врати во игра и да го добие со 10:8. Ѓере спаси пет брејк топки во вториот сет и напраави брејк во финишот на сетот за израмнување, по што на почетокот на одлучувачкиот сет направи брејк, но потоа играше слабо на свој сервис и на 5:4 загуби брејк, за потоа Швајцарецот да ја комплетира победата.

37-годишниот Вавринка има 6-19 скор во меѓусебните дуели со светскиот број 1, Ѓоковиќ, но и славни победи како во финалето на Ролан Гарос во 2015 и во финалето на САД опен во 2016.

Scroll to Top