Надежите на Лидс јунајтед дека ќе останат во англиската елита добија уште еден удар, откако на „Еланд Роуд“ загубија со 0:3 од Челси во меч во кој имаа малку шанси за победа.
Мејсон Маунт со одличен гол уште во 4. минута ги донесе „сините“ во водство, пред во 24. минута, Лидс да остане со играч помалку по заслужениот црвен картон на Даниел Џејмс по стартот над Матео Ковачиќ. Маунт во 55. минута му асистираше на Хаким Зијеш за 0:2, за Ромелу Лукаку во 83. минута да стави точка на убедливата победа.
Лидс остануваат на 18. место на табелата со 34 поени, исто колку што имаат и Барнли пред нив со натпревар помалку, додека Челси се трети со 70 поени, четири пред Арсенал.
Standings provided by SofaScore LiveScore