Top Sport

Брутална тепачка на хулиганите на Црвена звезда и Партизан

Навивачите на Црвена звезда и Партизан направија хаос на Автокоманда, делот од Белград каде се наоѓаат стадионите на двата клуба.

До конфликтот помеѓу хулиганите на двата клуба дојде по натпреварот помеѓу Партизан и Војводина во Хумска, а непосредно пред натпреварот помеѓу Црвена звезда и Нови Пазар во полуфиналето на Купот на Србија.

Најжестоките приврзаници на црно-белите го напуштаа стадионот во Хумска кога навивачите на Црвена звезда ги нападнале од заседа, по што настанал општ хаос.

Во таа прилика беа повредени голем број навивачи, а ситуацијата се смирила откако на лице место пристигнале голем број полицајци.

Scroll to Top