Top Sport

Сузуки: Тешката економска ситуација не избрка од Мото ГП

По повод најавата дека ќе се повлече од шампионатот во Мото ГП следната сезона, се огласија челните луѓе на Сузуки.

„Сузуки мото корпорејшн разговара со Дрона за нашето повлекување од Мото ГП шампионатот на крајот на 2022 година. За жал, тешката економска ситуација доведе до многу проблеми во автомобилскиот свет, а тоа се одрази и на нас. Принудени сме да ги намалиме трошоците и човечките ресурси за развој на нови технологии.

Сакаме да му се извиниме на нашиот тим, на сите оние кои го поддржуваа Сузики во изминатите години, а особено на навивачите кои секогаш со нас“, се вели во соопштението.

Шампионатот во Мото ГП продолжува викендов со трка за Големата награда на Франција во Ле Ман.

Scroll to Top