Top Sport

Перишиќ ги загрижи навивачите на Интер

Иван Перишиќ со два гола го режираше пресвртот на Интер, во финалето на Купот против Јувентус. Интер, по продолженијата, го победи Јувентус со 4:2.

Хрватскиот репрезентативец најпрвин му асистираше на Лаутаро Мартинез пред Аргентинецот да биде фаулиран за пеналот што му донесе продолжение на Интер, а потоа го нокаутираше Јувентус со головите во 98. и 102. минута на Олимпискиот стадион во Рим.

„Се чувствувам како лидер, но кога тимот работи вака, тогаш е лесно да се биде лидер. Само треба да продолжиме вака. Имаме уште две финалиња и се е можно ако продолжиме да веруваме. Верувам дека можеме да им го земеме првенството на Милан“, изјави Перишиќ.

Перишиќ е еден од најдобрите играчи на Интер оваа сезона, а по финалето во Рим проговори за својот договор кој истекува во јуни.

Хрватот има 33 години, но и понатаму е еден од најдобрите играчи во Европа на својата позиција.

Сепак, челниците на Интер се уште не ги започнале преговорите околу продолжувањето на соработката.

„Се уште ништо не знам. Знам само дека со важните играчи не се чека до последен момент. Тоа треба да го знаете”, ги загрижи Перишиќ со оваа изјава навивачите на Интер.

Scroll to Top