Еден од капитените на Барселона, Жерар Пике, јавно се спротивстави на идејата за Суперлигата, која во изминатите 12 месеци го подели фудбалскиот свет.
Суперлигата или „Лигата на богатите“, како што сите ја нарекуваа, пропадна за неполни 24 часа. Иако многу клубови се повлекоа во моментов, три (Барселона, Реал, Јувентус) сè уште се држат до идејата за формирање на ова натпреварување.
Пике во едно интервју јавно кажа дека тоа не е добра идеја.
„Кога е во прашање Суперлигата, морам да се спротивставам на мојот клуб бидејќи лично сум против тој концепт и мислам дека тој е добар само на големите клубови. Темата за Суперлигата е политизирана во Шпанија, а причината се медиумите контролирани од луѓе кои навиваат за Суперлигата. Односот на јавноста кон овој проект во Шпанија е драстично различен од оној во Англија“, изјави Пике.
„Мислам дека Суперлигата го уништува фудбалот затоа што им одговара само на големите клубови. Мислам дека Барселона и Реал Мадрид постапија лошо во целата приказна. Свесен сум дека мојата позиција е сосема поинаква од позицијата на Барселона, но од друга страна го разбирам клубот што го подржува проектот. Меѓутоа, кога се во прашање обичните навивачи, фудбалските навивачи, таа идеја е лоша“, изјави Пике.