Top Sport

Шарл Леклер го искрши Ферарито на Ники Лауда во Монако

Лидерот во генерален пласман во Формула 1, Шарл Леклер го судри Ферарито од 1974 на Ники Лауда откако му откажаа сопирачките на Историското ГП на Монако во неделата.

Леклер го возеше Ферари 312 Б3 болидот на Лауда во неколку круга на неговата домашна патека, пред да ја загуби котролата на Ла Раскас кривината и се удри во бариерите. Тој продолжи да го вози болидот, пред да влезе во боксот.

„Кога си мислиш дека си ја потрошил цела лоша среќа на светот во Монако, и ќе ги загубиш сопирачките на Раскас во еден од најлегендарните болиди на Ферари“, напиша Леклер на Твитер.

Scroll to Top