Top Sport

Чаир го поздрави шампионот, Шкупи со победа стави точка на доминантната сезона

Шкупи пред домашната публика во Чаир го крена шампионскиот трофеј во македонската Прва лига, откако со 3:0 го совлада тимот на Академија Пандев во последното 33. коло за совршен крај на совршената сезона.

Тимот на Гоце Седлоски на супериорен начин ја освоија титулата, што го докажаа и во последното коло со 3:0 победа над второпласираниот тим на табелата. Во 33 меча, Шкупи стигна до 23 победи и само трипати беше поразен за да заврши со 12 поени разлика пред Пандевци. Тимот сега го очекувааат квалификациите во Лигата на шампионите.

Кристијан Трапановски постигна два гола во финишот на првото полувреме да ја најави победата на Шкупи, за во 67. минута од мечот Анид Абази да го постигне својот деби-гол за домаќините за потврда на триумфот.

Шкендија во финишот спаси 1:1 реми на гостувањето кај Струга за да го потврди третото место и пласман во европските купови покрај Академија Пандев, додека од Првата лига се простуваат Пелистер и Борец, а бараж ќе играат Скопје и Тиквеш.

ПРВА ЛИГА, 33.КОЛО

Борец – Ренова 1:5

Скопје – Брегалница 4:1

Работнички – Пелистер 2:1

Шкупи – Академија Пандев 3:0

Струга – Шкендија 1:1

Тиквеш – Македонија ЃП 2:1

Фото: ФК Шкупи

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top