Top Sport

Брентфорд победи на „Гудисон“ и ја продолжи неизвесноста на Евертон

Евертон уште немаат сигурен билет за останување во Премиерлигата, откако во жесток меч на „Гудисон парк“ загубија со 2:3 од Брентфорд, за да им дадат надеж на Барнли и Лидс.

Тимот на Френк Лампард дојде во водство уште во 10. минута преку Доминик Калверт-Луин, но само осум минути подоцна останаа со играч помалку кога Џарад Брентвејт доби црвен картон поради груб фаул. Брентфорд израмни со автоголот на Шејмус Колмен во 37. минута, но „карамелите“ отидоа со предност на полувреме со голот на Ришарлисон од пенал во самиот финиш.

Брентфорд успеа да ги „нокаутира“ домаќините – Кристијан Ериксен му асистираше на Јоан Виса за израмнување во 62. минута, а Рико Хенри две минути подоцна го комплетираше пресвртот. Евертон го завршија мечот со девет играчи откако и Соломон Рондон доби црвен картон во 88. минута од мечот.

Евертон, на кои им преостануваат мечевите со Кристал палас и Арсенал, остануваат на 16. место со 36 поени, пред Лидс со 35 и Барнли со 34.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top