Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски, се најде во тимот на сезоната во шампионатот на Суадиска Арабија. Алиоски, во летниот преоден рок, како слободен играч од Лидс јунајтед се пресели во Ал Ахли.
Алиоски одигра одлична сезона за Ал Ахли и покрај тоа што тимот заврши на 10.место. Левиот бек на 24 натпревари постигна шест гола и забележа осум асистенции.
Во идеалниот тим покрај Алиоски се и неколку познати играчи кои оставиле длабока трага настапувајќи во Европа. голманот Владимир Стојковиќ, Евер Банега, Одион Огало, Талиска.